Home INFO Ќе има ли крај? Канје Вест повторно предизвика нова драма во семејството...

Ќе има ли крај? Канје Вест повторно предизвика нова драма во семејството Кардашијан (видео)

реклама:

Откако еден од најпознатите парови на планетата – Ким Кардашијан и Канје Вест решија да му стават крај на бракот, во јавноста постојано излегуваат информации за драмите кои се случуваат по разделбата.
Старлетата и ријалити ѕвезда Ким КАрдашијан од неодамна е во врска со Пит Дејвидсон, а бившиот сопруг не престанува да ја обвинува дека не му дозволува да ги гледа нивните четири деца.

Раперот тврди дека обезбедувањето му забранило да влезе во вилата на Кардашијан со неговата ќерка, бидејќи таму било нејзиното момче.

-Норт нешто сакаше да ми покаже во куќата, но обезбедувањето рече дека „тато не може да влезе“, но не ја дефинирале причината. Не сакав да се карам со нив поради тоа – рекол раперот во интервју за Hollywood Unlocked.

– Слушам дека има ново момче во куќата во која јас не можам ни да влезам. Нешто нема да биде помеѓу мене и моите деца, а моите деца нема да бидат на ТикТок без моја дозвола – изјавил Канје.

Последниот испад на раперот се случи директно на социјалните мрежи, каде тој јавно побара од фановите да му помогнат да отиде на роденденската забава на својата ќерка.

Имено, четвртиот роденден на Чикаго бил прославен со заедничка забава со Сторми, ќерката на Кајли Џенер и Тревис Скот, која веќе наполни 3 години.

Но, самиот Канје не само што не бил поканет како гостин на забавата, туку и му бил забранет пристап како во домот на Кардашијан, така и на локацијата каде што се одржувала роденденската забава.

„Го ставам ова онлајн затоа што ми треба поддршка од сите вас. И се јавив на Ким, им пишав на бебиситерките, зборував на телефон со Тристан, тој рече дека ќе ја праша Клои, но никој не сака да ми ја даде адресата на роденденската забава на мојата ќерка во овој момент. Тоа ќе остави печат во нејзиниот ум дека јас не бев таму за неа“, се обрати Канје на неговите следбеници додека возеше обидувајќи се да стигне до забавата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------