Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive ЌЕ СЕ ТРЕСЕ ПАЛАС: Цеца и Таировиќ на „Ромски бал“ во Скопје

ЌЕ СЕ ТРЕСЕ ПАЛАС: Цеца и Таировиќ на „Ромски бал“ во Скопје

реклама:

Секоја година големо внимание во јавноста предизвикува одржувањето на ромскиот бал во Скопје.

Оваа година многу порано од вообичаено веќе се зборува за пејачките и сумата која ќе ја добијат за тоа што ќе ги забавуваат гостите на 18 ти во хотелот Александар Палас.

Иако од страна на организаторите се се држи во тајност сепак од српските медиуми дознавме за хонорарите на Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ.

-Цеца добила хонорар од 70 илјади евра за настапот. Сите се воодушевени што таа ќе дојде. Тоа ќе биде спектакл. Покрај неа ќе дојде и Теа Таировиќ која е ѕвезда која ќе оди само напред. Тука се собираат најбогатите Роми, а луѓето знаат како тие се веселат, а годинава покрај Цеца и Теа ќе биде посебен бал, вели извор за српските медиуми.

Медиумите шпекулираат и дека Теа Таировиќ за својот настап наплатила 20 илјади евра.

Е па нека „гори балкан“!!!!!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------