Home INFO Ќерката на Јелена Карлеуша се жали дека првите денови во средно ѝ...

Ќерката на Јелена Карлеуша се жали дека првите денови во средно ѝ се пекол

реклама:DIGITVMK

Ника, ќерката на познатата пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, годинава започна да оди во средно училиште и на TikTok сподели две видеа во кои зборува за тешкотиите со кои се соочува.

Таа откри дека ѝ е многу тешко да најде пријатели и дека униформата што треба да ја носи воопшто не ѝ се допаѓа.

Иако не го открива името на училиштето, српските таблоиди тврдат дека Ника оди во приватна школа каде нејзините родители плаќаат 400 евра месечно.

Во своето видео, таа опиша како нејзините соученици се недруштвени и како разговорите меѓу нив често завршуваат со непријатна тишина.

Таа се обидува да се спријателува со други деца, но нејзините напори често не даваат резултат. „Луѓето овде воопшто не се социјални“, изјави таа разочарано. Ника признава дека новото училишно искуство не е воопшто лесно за неа, и чувствува дека родителите и нивната јавна слика создаваат дополнителен товар.

Ова искуство за неа е стресно и го опиша како многу непријатно.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------