Home INFO Ова е распоредот и програмата за утрешните активности по повод роденденот на...

Ова е распоредот и програмата за утрешните активности по повод роденденот на Тоше Проески

реклама:

Од 11 часот, делегација ќе го посети гробот на музичката ѕвезда, а во 12 часот во Спомен-куќата „Тодор Проески“ ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со наслов „Срце није камен“ на уметницата Светлана Зуламоска-Гроздановска од Кривогаштани. Зуламоска, како што ни изјави претходно, парите од продажбата на сликите, кои се насликани на камени плочи со акрилни бои, ќе ги донира за лекување и терапија на малиот Војдан Спасовски, кој боледува од церебрална парализа.

„Годинава, во музичкиот дел ја поканивме пејачката Ивона Јо, која по една посета на Крушево кажа дека многу би сакала да одржи концерт со песните на Тоше. Таа инаку на своите настапи секогаш ја пее неговата музика. Концертот со десетина песни ќе трае од 13 до 14 часот, а Ивона Јо настапува со бендот ‘Б2Б‘“, ни изјави Лефкија Гажоска, директорката на Спомен-куќата.
Драго ми е што интересот за посети во Спомен-куќата не е намален, вели директорката Лефкија Гажовска

Од 19 часот, во салата на Младинскиот културен центар во Крушево ќе се одржи премиера на документарниот филм за Тоше, чиј автор е Катарина Миловановиќ.

„Филмот се снимаше минатото лето во Скопје и во Крушево со повеќе соговорници. Драго ѝ е што и ние, како другари на Тоше сме дел од него. Во филмот раскажав за моите омилени анегдоти со Тоше, а една од нив е она безгрижно време кога по излегувањата навечер одевме на Мечкин Камен и јадевме ајвар и леб“, се сеќава другарот на Тоше, Стерули Штерјоски, кој е член на Управниот одбор на Спомен-куќата.

Директорката на Спомен-куќата вели дека документарниот филм ќе биде со македонски титл, а меѓу соговорниците е и таа.

„Драго ми е што интересот за посети во Спомен-куќата не е намален“, додава Гаџоска.

Во филмот на ТВ „Прва“ зборуваат и актерот Игор Џамбазов, пејачката Елена Ристеска, текстописецот Огнен Неделковски и други пријатели на Тоше. И претставници од српската телевизија ќе бидат присутни на проекцијата во Крушево.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------