Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Џеј Ло и Бен Афлек гневно се расправаат во автомобил, по фотките...

Џеј Ло и Бен Афлек гневно се расправаат во автомобил, по фотките на кои актерот се прегрнува со бившата Џенифер Гарнер

реклама:G Natural

По фотките на кои се гледа како Џенифер Гарнер го прегрнува Бен Афлек во автомобилот, актерот и Џеј Ло беа фотографирани како се расправаат. Не е познато дали меѓу нив навистина има некој проблем, но некои извори тврдат дека пејачката била гневна и љубоморна поради фотографиите со бившата.

Минатиот месец, Бен Афлек и бившата сопруга Џенифер Гарнер беа фотографирани како се прегрнуваат, пред актерката да излезе од автомобилот на актерот.

Со нив беше и ќерка им Серафина.

Набрзо потоа се појавија други слични фотки, каде што Гарнер влегува во автомобилот на Бен. Овојпат, со нив не е ниту едно од нивните деца.

Според некои извори, овие фотки ја разгневиле Џеј Ло.

Прочитајте повеќе: Ретка сцена: Бен Афлек и бившата Џенифер Гарнер се прегрнуваат во автомобил, актерот споделува интимен миг со неа (фото)

Сега, пак, Бен и Џеј Ло беа забележани како се расправаат во нивниот автомобил.

На папарацо фотките се гледа како Бен ѝ зборува нешто на пејачката, а таа изгледа навистина гневно.

Не е познато зошто парот се расправал, но некои извори велат дека на Џеј Ло не ѝ било сеедно кога ги видела фотките со Гарнер. Но, дека сепак станувало збор за пријателска прегратка помеѓу Бен и бившата сопруга.

„Џеј Ло е гневна и непријатно изненадена од фотките. Бен инсистира дека фотките не значат нешто, и Џеј Ло му верува, но тој сепак не жали за нив.

Ѝ повторува на Џеј Ло дека Гарнер му е како сестра и дека ако таа е љубоморна за една прегратка, тогаш тоа е нејзин проблем“.

Од друга страна, други извори тврдат дека помеѓу Џеј Ло и актерот нема проблеми, како и дека пејачката е таа која му помогнала да го подобри односот со поранешната сопруга.

„Една од причините зошто Гарнер и Афлек се во подобар однос е Џеј Ло. Драмата од минатото и емоциите од разводот одамна ги нема.

Лопез и Гарнер се пријателки и нивните деца се сакаат. Моментално сè е во ред и така ќе биде и во иднина“.

Џеј Ло и Бен беа фотографирани во петокот (29.09), а веќе следниот ден, актерот повторно беше забележан со поранешната сопруга.

Овојпат немаше прегратки и според Daily Mail поранешните сопружници се сретнале за да го придружуваат нивниот син Семјуел на настан.

Ова не е првпат Бен и Џеј Ло да се расправаат во јавност.

Претходно, во мај, тие имаа жестока дискусија за време на премиерата на новиот филм на пејачката – The Mother.

Сепак, речиси веднаш потоа, парот се бакна и продолжи да позира со широки насмевки.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------