
На видеото што предизвика контроверзи, убавата актерка Џенифер Анистон се гледа како стои на улиците на Њујорк среде протест, кога некој од толпата одеднаш врз неа истури кофа полна со црно масло. Реакцијата на бесната актерка била сè само не блага, а нејзините налутени и бесни обожаватели веднаш почнале да оставаат лути коментари на социјалните мрежи.
Сепак, се разјасни дека овој настан не е реален, туку се случил за потребите на едно шоу. Станува збор за најновиот проект во кој учествува една од најубавите жени на светот, холивудската ѕвезда Џенифер Анистон. Настанот се случил за време на снимањето на четвртата сезона на „The Morning Show“.
Во сцена која потсетува на протест, Анистон, која го игра ликот Алекс Леви, беше целосно полиена со црна течност. Актерката изгледаше бесна додека статистите го избегнуваат полевањето. Претходно овој месец, Анистон потврди дека започнало производството на четвртата сезона на серијата.
Таа објави слика на која позира со нејзините колеги во речиси идентични тексас тоалети. Фановите на серијата со нетрпение ја очекуваат новата сезона.






