фото: принтскрин
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез беше платена дури два милиони долари за нејзиниот настап на свадбата на индиската милијардерка Нетра Мантена и Вамси Гадирај.

Нетра е ќерка на индискиот фармацевтски гигант Рама Раџу Мантена, која се омажи оваа недела за технолошкиот магнат Вамси Гадираџу во близина на палатата Таџ Лејк во Удајпур.

Џенифер Лопез носеше неколку комбинации за време на настапот, вклучувајќи и златен костим кој едвај ги покриваше нејзините интимни делови. Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека ова е премногу провокативно за свадба, додека други не гледаат ништо спорно.

„Каков лош вкус“, „Ова е пред сè непочитување кон младенците“, „Што е контроверзно? Тие знаеја што да очекуваат од нејзиниот настап“, беа некои од коментарите. Подоцна, таа облече кожен комбинезон со исечоци, кој исто така привлече внимание.

Пред настапот, таа позираше со младенците и им наздрави со шампањ. Индиските медиуми објавија дека свадбата чинела дури 6,7 милиони долари, а прославата траела три дена.

Присутни беа многу боливудски ѕвезди, меѓу кои Ранвир Сингх, Мадури Диксит, Крити Санон, Шахид Капур, Нора Фатехи, Жаклин Фернандез и Каран Џохар.

Меѓу изведувачите беше и диџејот Тиесто. Доналд Трамп помладиот и неговата девојка Бетина Андерсон, исто така, присуствуваа на церемонијата. Тие беа снимени како танцуваат на сцената, двајцата облечени во традиционална индиска облека.

РЕКЛАМИ: