Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Џенифер Лопез збесна пред папараците, фановите ја правдаат (видео)

Џенифер Лопез збесна пред папараците, фановите ја правдаат (видео)

реклама:DIGITVMK

Џенифер Лопез е актуелна тема во медиумите поради видео во кое таа бесно им вика на папараците кои ја снимаа додека била надвор со децата. Во исто време, врската со нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек, е под лупа на јавноста поради шпекулациите за нивниот претстоен развод.

Двојката се венчаше во 2022 година, а среде гласините за разделба, актерката беше забележана со своите деца за време на прошетка во Хемптонс, Њујорк. На социјалните мрежи кружи видео каде Џенифер ги изгуби нервите поради папараците кои ги фотографираа.

Таа им се нафрли со обвинување дека премногу ѝ се доближиле додека ја фотографирале. Потоа, таа од нив побара да се повлечат. „Држете се подалеку од мене и од децата“, им рече, а потоа налутено повтори со повишен тон, барајќи од нив да се држат настрана бидејќи не ја слушаат.


На социјалните мрежи, го оправдаа нејзиното однесување бидејќи била со деца, посочувајќи дека треба да има граници без разлика што е на јавно место. Лопез неодамна наполни 55 години и приреди раскошна роденденска забава со тема од популарната серија „Бриџертон“. Сепак, она што сите го забележаа е фактот дека Бен отсуствувал од забавата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------