Home INFO 🥶Како изгледа живот на – 71 степен, ова е најстуденото населено место...

🥶Како изгледа живот на – 71 степен, ова е најстуденото населено место на земјата (видео)

реклама:

Минусните температури кои се заблежани деновиве во Македонија може дури да изгелдаат „многу пријатни“ во споредба со минус 45, температура што во моментов е забележана во Јакутск, најстудениот град во светот.

Просечната температура таму за јануари е -50°C, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен, поточно во селото Ојмјакон, кое се смета за најстудено место на Земјата.

Јануари е најстудениот месец во Јакутск, а жителите на овој град преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е толку студен што ги трне изложените делови од кожата, па затоа смрзнатните се постојана опасност, пишува Index.hr.

Се поставува прашањето – како луѓето воопшто го преживуваат овој студ? Имено, нивните домови се добро изолирани, опремени со специјални системи за греење, а облеката која штити од студ стана незаменлив дел од нивниот живот.

За да се заштитат од студот, жителите на Јакутск имаат не само една, туку честопати и три излезни врати од куќите, како и теписи на надворешните скали бидејќи улиците се замрзнати и лизгави.

Во селото Ојмјакон, на пример, луѓето живеат без канализација бидејќи цевките замрзнуваат, па тоалетите се претежно надвор од куќата. Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат загреани гаражи не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.

Јакутск има приближно 355.500 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов. Ројтерс во минатогодишниот извештај ги праша жителите на овој град како се справуваат со студот. Многумина одговориле дека дури и не чувствуваат дека е толку студено бидејќи нивниот мозок едноставно се подготвува за тоа. Ниските температури за нив се нормални, велат, бидејќи се навикнати одамна.

Во градот кој се наоѓа на приближно 450 километри јужно од Арктичкиот круг, земјата е студена дури и во лето, кога температурите може да се искачат до 30 степени или повеќе. Земјата никогаш не се одмрзнува. Но, интересното е што во Јакутск во лето има многу комарци бидејќи лежи на реката Лени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------