Home INFO 10 забавни начини како да потрошите калории на плажа

10 забавни начини како да потрошите калории на плажа

реклама:

Навистина е важно да останете активни дури и кога сте на одмор.

Иако ова можеби ви звучи досадно, верувајте дека не е така.

Вежбите на одмор не се однесуваат на лентите за трчање ниту пак на било кои други справи, туку на голем број на забавни активности со кои ќе согорувате калории.

Еве неколку активности кои воопшто нема да ви биде проблем да ги вклучите во денот поминат на плажа.

Градење замок од песок: 100 калории на час
Доколку замокот го градите подалеку од водата, ќе треба неколку пати да отидете за да наполните вода и да ја донесете до замокот, со што ќе ги активирате мускулите на нозете и на рацете.

Риболов: 120 – 150 калории на час
Риболовот е активност која многумина ги ослободува од стрес. Иако не се вбројува во вежби, оваа активност е една од оние кои ве тераат да се движите. Дополнителен бонус е рибата која ќе ја уловите.

Играње со фризби: 175 калории на час
Фризбито е навистина забавна активност во која се вклучени вашите рамена и раце.

Сурфање: 200-250 калории на час
Сурфањето ги активира сите мускули на телото, нешто слично како и пливањето. Дополнително е и многу забавна активност, но само за оние кои овој спорт го владеат многу добро.

Скокање на бранови: 300 калории на час
Ова е една од најзабавните работи кои можете да ги правите на плажа, истовремено користејќи ги сите мускули на долниот дел од телото. Во овој случај водата дава отпор со што значително се зголемува бројот на калории кои ги согорувате.

Бадминтон или тенис на плажа: 300-450 калории на час
овие забавни игри го активираат целото тело и придонесуваат кон зголемување на брзината и подвижноста и кон подобрување на координацијата помеѓу очите и рацете.

Возење кајак: 350 калории на час
активната употреба на рацете ја забрзува работата на вашето срце и претставува навистина голем предизвик за вашето тело.

Пешачење и трчање на плажа: 330-800 калории на час
пешачењето или трчањето по песокот ги активира најголем дел од мускулните влакна со што ќе согорите 30% повеќе калории отколку при пешачење или трчање по рамна површина, дури и кога ќе ја задржите истата брзина!

Пливање: 410 калории на час
Пливањето е одличен аеробик кој го придвижува целото ваше тело. Убавото во вежбањето во вода е во тоа што ве разладува и ги прави вежбите многу полесни одошто навистина се.

Одбојка на плажа: 500 калории на час
Одбојката на плажа ги активира вашите нозе при трчањето и скокањето, но и горниот дел од телото при удирање на топката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------