Home INFO Планирате работа во странство? Повелете оглас за веројатно најдобрата работа во светот!

Планирате работа во странство? Повелете оглас за веројатно најдобрата работа во светот!

реклама:G Natural

Во светот постојат најразлични професии. Некои стресни, некои помалку интересни.

Филип Блеквел кој потекнува од семејство на библиотекари, бара кандидат за работа во веројатно најоддалечената книжарница во светот. Сместена е во склоп на луксузен ресорт на Малдивите.

„Платата е смешно мала, но предностите на оваа работа се немерливи. Идниот вработен ќе може максимално да го искористи потенцијалот на локацијата. За многумина тоа е работа од соништата. Да имам 25 години, сигурно би се пријавил“ – изјавил Блеквел за Гардијан.

maldivi 3

Од идниот вработен се очекува страствено да сака книги и читање и да биде способен да разговара со гостите од сите генерации, да ги забавува децата со приказни и да им организира курсеви на креативно пишување на гостите.
„Сакаме некој креативен, но реален и организиран, кој знае да ги инспирира другите и некој кој можеби ќе ја разбуди љубовта кон читањето во другите“- порачал Беквел.

Идниот продавач на книги ќе живее во ексклузивниот ресорт чиј песок на плажата го опишуваат со зборовите „мек како снег“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------