Home INFO На Цеца во Кавадарци со бесплатен превоз

На Цеца во Кавадарци со бесплатен превоз

SHARE

Денеска во Кавадарци започна најголемата општинска манифестација ,,Тиквешки гроздобер 2018” која ќе трае до недела и која секоја година привлекува илјадници посетители од земјава и од странство.

Богата уметничка програма, голем број на настани од областа на културата и уметноста, но и звучни музички имиња ќе ги забавуваат гостите на повеќе локации во градот. Како главна музичка ѕвезда на манифестацијата е најавена турбо фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, која ќе настапи на градскиот плоштад во недела, со почеток од 22 часот.

Од организацијата на гроздоберот информираат дека ќе има бесплатен автобуски превоз од повеќе општини до Кавадарци, а автобусите тргнувале од 19 часот, во недела и ќе се враќаат назад во 24 часот, по завршувањето на концертот на Цеца.

За сите од Скопје кои сакаат да го проследат нејзиниот настап, автобусот тргнува од пред хотел ВИП, од Штип од пред нова пошта, од Кочани од пред Основен Суд, од Битола од пред Спортска сала Боро Чурлевски, од Струмица од пред Тинекс, и од Прилеп од пред рекламните паноа во центар.

Покрај Цеца, гостите на манифестацијата на градскиот плоштад ќе ги забавуваат и Слаткар, кој има настап вечерва, Криско исто така настапува оваа вечер, утре свои настапи ќе имаат Некст Тајм, Љубојна и Џамбо и оркестар Агушеви. Музички настани ќе има и на спомен Костурницата и во малиот парк наспроти Полициската Станица во градот.

РЕКЛАМИ: ---