Home INFO Индија: Полицијата со стапови за оние кои неоправдано се наоѓаат на улиците(видео)

Индија: Полицијата со стапови за оние кои неоправдано се наоѓаат на улиците(видео)

реклама:G Natural

Извештаите од Индија говорат како полицијата со стапови ги тепа сите оние кои не ја почитуваат сегашната забрана за движење поради пандемијата, или се собираат на групни молитви.

Има се поголем број видео снимки кои укажуваат на насилство од страна на индиската полиција кон жителите кои продолжуваат да се собираат на верски молитви, без оглед на верската припадност. Групи верници се собираат во локалните заедници поради молитва, која потоа се прекинува со упади од полицијата која со стапови ја растерува групата.

Во Индија, моменталната состојба е 21-дневен општ карантин поради пандемија која не дозволува слободно движење на населението, а укинат е градскиот и меѓуградскиот сообраќај. Најсиромашните припадници на заедницата, бездомните мигранти, се во најтешка состојба бидејќи поради овие мерки се принудени да пешачат по 600 километри до своите села, а бидејќи патуваат во групи, на пат често се тепани од страна на полицијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------