Продолжен е притворот за српскиот рапер Раста уште за 30 дена, велат информациите од судот.
Кај него на почетокот на октомври беа пронајдени тешки дроги а се сомничи и за нелегално производство и дистрибуција на наркотични средства за што може да добие казна затвор од 3 до 12 години.
„Притворот му е продолжен заради постоење на посебни околности што укажуваат на тоа дека тој може да го повтори делото “, рече портпаролката на судот, Татјана Тесиќ.