Хрватската пејачка Северина која пред само неколку дена од замор мораше да прима инфузија и имаше навистина исполнет распоред со многу настапи и концерти реши конечно да собере енергија и малку да одмори.
Таа замина на егзотично патување во Тајланд заедно со својот пријател и портпарол Давор Гргин, а кога Севе е на одмор сите ги очекуваат нејзините жешки фотни на социјалните мрежи.
Па така и овој пат таа ги поздрави фановите со бикини и напиша: „Зима, зима – па, што ако е зима, не е лав!“