Марија Шерифовиќ, популарната српска пејачка, замина на летен одмор во Црна Гора со својот син Марио, кому ова му е прв летен одмор.
На патувањето со неа се и бебиситерката на Марио и нејзиниот стоматолог, а друштво им прави и пејачката и блиска пријателка на Марија, Јована Пајиќ.
Гордата мајка сподели неодоливо слатка фотографија од својот син, додека тој ужива пред морската шир. „Вечно нека те грее сонцето“, напиша таа покрај фотографијата.