Селин Дион се огласи на социјалните мрежи по нејзиниот емотивен настап на отворањето на Олимписките игри во Париз. “Чест ми е што настапив на церемонијата и многу сум среќна што се вратив во еден од моите омилени градови! Гордa сум што ги поддржувам овие неверојатни спортисти. Останете фокусирани, моето срце е со вас,” порача Селин преку Инстаграм.
Да потсетиме, Селин Дион пееше од Ајфеловата кула, изведувајќи ја песната „L’Hymne à l’amour“ од Едит Пјаф. Последен пат настапи во 2019 година, пред да објави дека боледува од синдром на вкочанета личност.
Во неодамнешниот документарец, таа откри како се подготвувала за овој настап. “Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам. Но, нема да престанам,” рече Селин. Таа додаде дека избрала да се бори и сака повторно да го види Париз.
Селин објасни дека има два избора: или да тренира како спортист или да остане дома и да си пее самата на себе. “Ја избрав борбата,” изјави таа за француското издание на „Вог“.