Има голема разлика од хотел со 1 ѕвезда до хотел со 4 или 5 ѕвезди. Секоја ѕвезда означува стандарди кои треба да ги исполни хотелот за да се закити со неа. Во продолжение прочитајте што треба да содржи хотел со 1, 2, 3, 4 и 5 ѕвезди.
Што треба да содржи хотел со 1 ѕвезда:
Општи услови за хотел со 1 ѕвезда:
– Работење со полно работно време 7 дена во неделата во сезоната.
– Да ги има сите потребни лиценци за работа.
– Да биде осигуран.
– Да има лифтови (24 часа) во објекти повисоки од приземје плус два ката.
– Секојдневно сервисирани спални соби, бања, јавни површини и кујна.
– Сите подни површини да се чисти и во добра форма. Одржувањето на хигиена да биде на високо ниво се подразбира за сите категории на хотели.
– Да има резервна опција за електрична енергија – генератор.
Содржини на гостинска соба во хотел со 1 ѕвезда:
– Минимум 10 соби за издавање, сите соби со надворешни прозорци/вентилација.
– Минимална големина на соба со исклучок на бања да биде 11 m2.
– Секоја гостинска соба треба да содржи бања со минимална големина од 2,7 m2 , во која треба да има сапун од средствата за лична хигиена и тоалетна хартија, како и 1 крпа за капење и 1 крпа за бришење на раце.
– Ладна и топла вода треба да биде достапна 24/7.
– Климатизација треба да имаат 25% од собите.
– Чиста промена на постелнината и крпи за бања – на дневна база и помеѓу пријавувањето на гости.
– Минимална широчина на креветот: за единечен кревет е 90 cm, за двоен кревет е 180 cm.
– Минимум постелнина: 2 чаршафи, перницa со навлака, ќебе, навлака за кревет.
– Хотелите од сите категории треба да обезбедат две затворени шишиња брендирана флаширана вода од минимум 300 ml. по лице на ден на бесплатна основа.
– Полици/простор со фиоки, простор за чување постелнина, гардеробер со минимум 3 закачалки за облека (добро проветрени).
– Доволно осветлување, 1 по кревет.
– Заземјен приклучок од 3 ампери во близина на креветот и USB полнач.
– Наткасна со фиока, кoрпа за отпадоци.
– Непроѕирни завеси на сите прозорци, огледало.
– Известување за врата „не вознемирувај“ и известување за врата за чистење на собата.
– Осветлување со заштеда на енергија.
Простории за исхрана и пијалоци за хотел со 1 ѕвезда:
– Минимум еден ресторан кој ги служи сите оброци.
– Приборот за јадење да биде од нерѓосувачки челик. За секоја категоризација на хотел – пластични садови се прифаќаат само во делот околу базен.