Менаџерот на Бора Ѓорѓевиќ, Бане Обрадовиќ, за српски Телеграф изјави дека пејачот се наоѓа во љубљанската клиничка болница и е интубиран поради компликации од хронична опструктивна белодробна болест.
Лекарите вложуваат големи напори да ја подобрат неговата здравствена состојба, особено на бубрезите и црниот дроб, и тој добива соодветни терапии.
Обрадовиќ нагласи дека Бора „херојски се бори“ и изрази загриженост за злонамерните натписи кои се појавија на социјалните мрежи, сметајќи ги за нехумани во овој тежок момент.
Семејството на Бора засега не се огласува и сите чекаат на добри вести.