АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Озогласениот „Измамник од Тиндер“ Сајмон Левиев, познат по тоа што измамил бројни жени за милионски суми претставувајќи се како богат наследник на „дијамантско кралство“, повторно е уапсен, овојпат во Грузија, пишува New York Post.

Како што наведуваат неговиот адвокат и грузиски функционери, Левиев бил приведен во неделата наутро при пристигнување на меѓународниот аеродром во Батуми, на брегот на Црното Море. Од грузиското Министерство за внатрешни работи потврдиле дека бил уапсен врз основа на црвена потерница од Интерпол веднаш по преминувањето на границата. Сепак, причините зошто овој израелски државјанин повторно бил приведен сè уште не се познати.

„Утрово разговарав со него откако беше приведен, но сè уште не разбираме зошто. Слободно патуваше низ светот“, изјавил адвокатот на Левиев за израелскиот портал Walla.

Познат по документарецот на Netflix

Левиев, чие вистинско име е Шимон Јехуда Хајут, стана светски познат по документарецот на Netflix Измамникот од Тиндер од 2022 година. Филмот детално ги прикажа неговите софистицирани методи со кои мамел жени на популарната апликација за запознавање.

Тој се претставувал како син на руски дијамантски тајкун Лев Левиев, заведувајќи ги жртвите со раскошен животен стил кој вклучувал приватни авиони и престој во луксузни хотели. Откако ќе ја стекнел нивната доверба, ги убедувал да му позајмат огромни суми пари, најчесто под изговор дека е во опасност и дека итно му е потребна готовина.

Според документарецот, на овој начин измамил најмалку десетина жени ширум светот за вкупна сума од околу 10 милиони долари. По објавувањето на филмот, му беше забранет пристапот до повеќето апликации за запознавање.

Богата историја на бегства и апсења

Левиев има долга историја на судири со законот. Уште во 2011 година побегнал од Израел за да избегне пресуда за измама, кражба и фалсификување. Од 2015 до 2017 година отслужил двегодишна казна во фински затвор поради измама на неколку жени, по што бил вратен во Израел, од каде повторно побегнал користејќи лажен пасош.

Уапсен бил во Грција во 2019 година и осуден на 15 месеци затвор во Израел, но веќе во мај 2020 година бил пуштен по само пет месеци, поради мерки поврзани со пандемијата на COVID-19 во затворите.

РЕКЛАМИ: