АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

На еден од најголемите крузери во светот, „Чудото на морињата“, избувна масовна тепачка меѓу патници. Сè започнало со обична расправија покрај детскиот базен, која брзо прераснала во физичка пресметка. Неколку лица се повредени, а двајца патници биле префрлени во болница со полесни повреди.

Капетанот на крузерот одлучил веднаш да се врати во Мајами и да ги извести властите.Инцидентот бил потврден од канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд.Иако полицијата интервенирала, патниците не сакале да поднесат обвиненија.

Крузерот, кој собира 7.000 патници и 2.000 членови на екипаж, требало да крстари до Бахамите.По враќањето во Мајами, бродот повторно испловил истата вечер.

Компанијата „Ројал Карибиан“ соопшти дека соработува со властите, а истрагата продолжува.

РЕКЛАМИ: