
| Getting your Trinity Audio player ready... |
15-годишниот актер Овен Купер во неделата испиша историја на 77. доделување на Еми наградите, а во Лос Анџелес пристигна во придружба на своите најголеми навивачи – родителите Норин и Анди Купер. Ѕвездата на хит-серијата на Netflix Adolescencija стана најмладиот добитник во својата категорија, а во емотивниот говор им се заблагодари токму на своите родители.
Овен е роден во декември 2009 година, а родителите заедно со неговите двајца браќа, Конор и Оли, го одгледале во Ворингтон, индустриски град на северот на Англија. Иако семејството секогаш ги поддржувало неговите актерски амбиции, Овен се пошегувал дека не знае од кого го наследил талентот.
„Двајцата мои браќа се електричари, мајка ми е негувателка“, изјави за Liverpool Echo во март оваа година. „Тато работи во ИТ секторот. Така што, немам поим од каде доаѓа ова.“
Мајката Норин работи како негувателка
Овен во интервју потврди дека мајка му работи како негувателка, грижејќи се за луѓе со болести или инвалидитет. Освен што била посветена на својата работа, Норин во Ворингтон, градче помеѓу Ливерпул и Манчестер, одгледала три сина. Актерот за списанието i-D открил дека мирисот на свежо косена трева од паркот спроти нивната семејна куќа секогаш го потсетува на домот. „Тоа или бензин“, додал. „Ја сакам аромата на бензин, иако знам дека не е добра за мене!“
Таткото Анди е ИТ стручњак
Неговиот татко Анди, според податоците на LinkedIn, работи во областа на информациските технологии од 2004 година. По речиси две децении во компанија за зелена енергија во Шкотска, во 2022 година ја презел улогата на аналитичар за поддршка во нафтена и гасна компанија во Ворингтон. Пред ИТ кариерта, учел во училиштето Crown Woods и студирал туризам.
Родители на тројца синови
Анди и Норин пред Овен ги добиле двајцата постари синови, Конор и Оли. Иако Овен како дете сонуваше за кариера на фудбалер, сè се променило по гледањето на Том Холанд во филмот The Impossible од 2012 година. „Тоа беше денот кога се разбудив и едноставно ми светна дека тоа сакам да почнам да го правам“, раскажал Овен за Tudum во јули.
„Не знам од каде дојде тоа, но ја прашав мама и тато дали можам да одам на часови по глума. Мислам дека беа малку шокирани бидејќи секогаш сакав да станам фудбалер… беше тоа прилично ненадејно, навистина.“ За разлика од него, неговите браќа Конор и Оли избрале по-традиционални кариери и двајцата работат како електричари.
Безусловна поддршка на сетот на Адолесценција
Родителите на Овен биле силно вклучени во снимањето на серијата, а младиот актер открил дека барем едниот секогаш бил со него на сетот, дури и додека Норин се опоравувала од операција. „Понекогаш се менуваа, бидејќи во тоа време мама имаше операција и мораше да остане дома поголемиот дел од третата епизода“, рекол тој. „Тогаш тато доаѓаше. И секогаш имаше слушалки позади, гледајќи го снимањето, а јас секогаш ќе му пријдев после тоа. Значи, да, тато беше таму најчесто.“
Горди родители на Еми наградите
Ѕвездата на Aдолесценција на својата прва Еми церемонија пристигна токму со Норин и Анди. Откако испиша историја, во својот говор ја нагласи нивната важност. „Ова е толку нереално, искрено, кога започнав со овие часови по глума, не очекував дека ќе бидам во САД, а камоли овде“, рече Овен. „Но мислам дека вечерва докажува дека ако слушате, се фокусирате и излезете од зоната на удобност, можете да постигнете било што во животот.“
Тој продолжи: „Пред околу три години бев никој. Мислам дека ако слушате, се фокусирате, малку излезете од вашата зона на удобност – кого го интересира ако е малку непријатно? Огромна благодарност до моите родители, мојата мама, мојот тато, моето семејство, оние кои ме сакаат, и оние кои јас ги сакам.“ По големата победа, младата ѕвезда гордо позираше со наградата и своите родители на црвениот тепих.






