АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Зачекоривме во сезоната на крлежи, која понекогаш, и покрај тоа што сме внимателни, не можеме да ја избегнеме. Крлежите се опасни првенствено поради пренесување на две болести – Лајмска борелиоза и менингоенцефалитис. Кај едната болест можете да си дозволите крлежот да остане на кожата неколку часа, додека кај друга, дури и неколку минути може да бидат премногу.

Лајмската борелиоза е болест што ја предизвикуваат бактериите од семејството спирохети. Се пренесува на луѓето со каснување од заразен крлеж, кој станал преносител откако цицал крв од заразено животно. Најчесто, станува збор за мали шумски цицачи и птици, но и поголемите животни можат да бидат извор на зараза, пишува „Н1 Словенија“.

Подложен е секој што е изложен на каснување од заразен крлеж, при што претходната инфекција не обезбедува заштита од повторно заболување.

До 24 часа ризикот е мошне мал

Ако крлежот е закачен на кожата помалку од 24 часа, ризикот од пренесување на Лајмска болест е мошне мал. Помеѓу 24 и 36 часа почнува да расте, а ако крлежот е закачен повеќе од 36 до 48 часа, ризикот станува значително поголем, бидејќи бактериите од цревата на крлежот поминуваат во неговите плунковни жлезди, а потоа и во човекот.

Важно е, меѓутоа, да се нагласи дека секој крлеж не е заразен, како и дека инфекцијата не се пренесува нужно со секое каснување, дури и кога крлежот е заразен.

Лајмската болест се лекува со антибиотици, а терапијата е генерално многу успешна во раните фази на болеста, наведува НИЈЗ.

Ситуацијата со менингоенцефалитисот е посериозна

Ситуацијата е поинаква кога станува збор за вирусот на менингоенцефалитис што се пренесува преку крлежи (КМЕ).

Вирусот може да се пренесе многу брзо по убод од крлеж, понекогаш во рок од неколку минути до неколку часа откако крлежот ќе се закачи и ќе почне да се храни. Се пренесува преку плунката на заразен крлеж.

Поради тоа, раното отстранување на крлежите не може сигурно да го спречи пренесувањето на КME.

За оваа болест не постои лек, а се спречува со вакцинација.

Како да се заштитите и правилно да го отстраните крлежот

Словенечкиот Национален институт за јавно здравје советува да се нанесе репелент против крлежи на кожата, а со него да се испрска и облеката. Се препорачува да се носи маица со долги ракави и долги панталони, при што долниот дел од ногавиците треба да се вовлече во чевлите или преку ногавиците да се  навлечат чорапи. Облеката треба да биде во светла боја за полесно да се забележат крлежите.

Што е енцефалитис што се пренесува преку крлежи и кои се симптомите на овој вирус?

По враќањето од природа, треба внимателно да го прегледате телото, да се истуширате и да ја измиете косата. Најефикасната заштита од менингоенцефалитис што се пренесува преку крлежи е вакцинацијата, додаваат од НИЈЗ.

Ако сепак ве касне крлеж, треба да го отстраните така што со зашилена пинцета ќе го фатите што е можно поблиску до кожата и со рамномерно движење ќе го извлечете. Ако делови од крлежот останат во кожата, и нив треба што е можно побрзо да ги отстраните.

За отстранување на крлежите не треба да користите масло, кремови, петролеј ниту други масти, предупредува НИЈЗ.

РЕКЛАМИ: