Home INFO Ајде ако смееш: Елон Маск го предизвика Путин на борба, еве кој...

Ајде ако смееш: Елон Маск го предизвика Путин на борба, еве кој е влогот!

реклама:Велигден со Стаф

Илон Маск не престанува да е актуелен во јавноста со своите твитови.

И откако неговата мајка, на социјалните мрежи споделуваше фотографии за поддршка на Украина, Маск се јави со твит во кој го повикува рускиот претседател Путин на “еден на еден” борба.

“Го предизвикувам Владимир Путин на поединечна борба”, напиша Маск на Твитер, користејки кирилични и латинични букви.
“Влогот е Украина”, додаде милијардерот.

Пред оваа изјава, вториот најбогат човек на планетата одби да ги блокира руските државни медиуми. Маск посочи дека некои влади, но не и украинската, му наложиле на неговиот сателитски сервис Старлинк да ги блокира руските медиумски куќи и информативни извори.

“Нема да го сториме тоа, освен ако не држат на нишан. Извинете што сме апсолутни поборници на слободата на говорот”, порача Маск преку Твитер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------