Home INFO Аца Лукас против Констракта: Беовизија е наместена, украдени се 100 000 гласови

Аца Лукас против Констракта: Беовизија е наместена, украдени се 100 000 гласови

реклама:

Во гостувањето на утринската програма на српската ТВ Прва, Аца Лукас откри дека поседува докази дека овогодинешниот музички натпревар Беовизија е наместен, односно украдени се смс гласови кои требало да се наменат во хуманитерни цели.

Поради ова, пејачот најави дека ќе поднесе кривични пријави против директорот на јавниот сервис и уредничката на РТС, Оливера Ковачевиќ. Тужба најави и против пет члена на стручното жири.

– Имаме докази дека се украдени минимум 100 000 гласова. Каде се тие пари? – јавно праша Лукас, додавајки дека има три сведоци кои ќе го потврдат тоа што го говори.

– Не се лутам што изгубив, но РТС е моја и ваша исто толку колку што е нивна. Несакам никој да се зеза со мене. Немојте да не правите будали. Каде се парите? – уште еднаш потенцираше Лукас кој и самиот се натпреваруваше во музичкиот настан за избор на песна на Евровизија, каде првото место го освои Констракта.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------