Малку познатата пејачка Ана Ѓуриќ – Констракта, стана особено популарна во регионот по нејзината победа на српската Беовизија.
Многумина беа воодушевени од нејзината победничка песна, но наиде и на доста негативни коментари во јавноста.
Особено гласен против неа и целиот избор за песна која ќе се натпреварува за Евросонг 2022 е фолкерот Аца Лукас, кој во многу наврати ги обвини организаторите на Беовизија за наместени гласање, но не штедеше зборови и против Констракта.
Се досега, Ана успешно ги игнорираше негативните коментари, но изненади со објава на една слика на социјалните мрежи, на која Лукас е со врзани раце и го носат стражари.
Како фолкерот ќе реагира на оваа објава, останува да видиме.