Home INFO АФЕРА: Ким Кардашијан е фамозната “Кики” од мега хитот на Дрејк? Еве...

АФЕРА: Ким Кардашијан е фамозната “Кики” од мега хитот на Дрејк? Еве ја приказната!

реклама:Велигден со Стаф

Ким Кардашијан, не пропушта прилика да нагласи дека не го сака раперот Дрејк. И тој јавно ја искажува својата нетрпеливост кон кланот Кардашијан.

Околу Ким која семејството нагалено ја нарекува Кики, секојдневно кружат разни трачеви, но планетарно познатата реалити ѕвезда не ги коментира.

Сепак одвои време да се обиде да ги спречи гласините дека таа и Дрејк имале афера па поради тоа е и наводната нетрпеливост помеѓу нив.

“Никогаш ништо не се случило, крај на приказната” – тврди Ким.

Гласините за аферата помеѓу старлетата и раперот значително се раширија и по излегувањето на мега хитот на Дрејк – “In My Feelings” во која се спомнува наводна Кики.

Се претпоставува дека текстот е наменет токму за Ким (Кики).

Масло на огнот додал и самиот Дрејк кој започнал да ја следи Ким на Инстаграм.

Американските медиуми претпоставуваат дека токму поради оваа афера започнала и вистинската кавга помеѓу Кание Вест и Дрејк.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------