АУДИО ВЕСТ:

Меѓу 59. загинати во пожарот во т.н. дискотеката во Кочани се и седум членови на тимот на ДНК, меѓу кои и пејачот Андреј Ѓорѓиески, кој успеал да излезе од објектот, но се вратил да спасува настрадани.
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
Загина и професорката – придружниот вокал Сара Пројковска, музичарите Филип Стевковски, Андреј Коларов и Ѓорѓи Ѓорѓиев, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо.
Пејачо Владимир Блажевски Панчо е хоспитализиран со изгореници и е вон животна опасност, а другиот придружен вокал, Ана Костадиновска е на домашно лекување.
РЕКЛАМИ:






