Home INFO „All I Want for Christmas Is You“ во еден ден побарана над...

„All I Want for Christmas Is You“ во еден ден побарана над 23,7 милиони пати на „Спотифај”,а еве и колку заработува секоја година

реклама:

Песната тој ден е побарана 23.701.697 пати. Поп-дивата со тоа го собори сопствениот рекорд, од Бадник лани, кога истата песна беше преслушана 21.273.357 пати.

Според проценките на „Билборд“, пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната. А пак, истражување на „Економист„ од 2016 година, говори дека заработува во просек 2,5 милиони долари секоја година. Песната објавена во 1994., според ова би можела да надмине 100 милиони долари вкупна заработка оваа 2023 година.

Според Билборд, пејачката лани од споменатата песна добила 1,86 милиони долари. Според студијата на Економист од 2016 година, Мараја Кери во просек заработува 2,5 милиони долари хонорари секоја година.

Песната „All I Want for Christmas Is You“ е објавена во 1994 година, а во 2023 година би можела да надмине 100 милиони долари вкупна заработка, тврди Асошиејтед прес.

Патем, оваа песна постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на Spotify за 24 часа. За еден ден во декември 2018 година, била стримувана повеќе од 10,8 милиони пати, а повторно го собори рекордот во 2022 година со 21,3 милиони слушања.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------