Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Анџелина Џоли гневна на ФБИ заради Бред Пит

Анџелина Џоли гневна на ФБИ заради Бред Пит

реклама:Велигден со Стаф

Нови пикантерии излегоа во медиумите поврзани со поранешниот брачен пар Анџелина Џоли и Бред Пит.

Овој пат меѓу нив е замешани и американската разузнавачка агенција.

Имено, актерката поднела тужба под лажно име, во која е наведено дека истражната канцеларија му одобрила пристап на обвинителот до списите поврзани со истражните наводи на жената дека „тогашниот сопруг… физички и вербално ги нападнал неа и нивните деца додека таа патувала со приватен авион пред неколку години“, пренесува Yahoo.

Освен тоа, ја интересирало како случајот бил затворен без никакви последици за Пит. Да потсетиме, Џоли во 2016 година го пријавила поранешниот сопруг за насилство врз нејзиниот син Медокс, а сето тоа се случило за време на лет со приватен авион, кој потпаднал во јурисдикција на сојузната влада.

Сега стана познато дека во обвинението стои дека во текот на целата расправија Пит тогаш ја полил својата сопруга со пиво и ѝ го повредил лактот. Пит, исто така, наводно ја однел Џоли до задниот дел од авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал: „Го уништуваш ова семејство“. По истрагата, ФБИ го ослободиле Пит од сите обвиненија поврзани со инцидентот што се случи за време на летот со приватен авион.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------