АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Пејачката Ана Николиќ предизвика јавна загриженост откако објави видео на социјалните мрежи во кое се прикажани последиците од она што таа го тврди дека е физичко насилство што го претрпела од композиторот и емотивен партнер Горан Ратковиќ Рале, објави Телеграф.

Во видеото се гледа Ана со модринки на главата и лузни на нозете, како и делови од нивниот разговор во неговиот стан.

– Колку чини сè, долг…? – извика Ана.

– 40 илјади евра – рече тој.

– Од кога? – праша таа.

– Од денес – одговори Рале.

– Чинам милијарда! – додаде Ана, не можејќи да се смири.

Пејачката потоа потврди дека повеќе не сака да го види Рале.

– Го оставив клучот кај него дома, полицијата е кај него. Не сакам повторно да одам во таа куќа, дури ни мртва. Не сакам повеќе да го видам со свои очи. Ова е крајот, го пријавив во полиција, доста е – изјави Ана Николиќ.

РЕКЛАМИ: