Home INFO Аркан кршеше се, но кога ќе дојдеше дома…Цеца Ражњатовиќ си ја отвори...

Аркан кршеше се, но кога ќе дојдеше дома…Цеца Ражњатовиќ си ја отвори душата:

реклама:Велигден со Стаф

Најзината кариера вртоглаво блесна откако стана сопруга на сега покојниот контроверзен лик Жељко Ражњатовиќ Аркан.

Светлана Ражнатовиќ – Цеца многу пати била на мета на јавноста поради нејзиниот брак со Аркан, но фолк ѕвездата многу ретко зборува за починатиот сопруг.

Цеца во периодот од 1995 година до 2000 година била во среќен брак со Жељко Ражњатовиќ – Аркан, кој за многумина е еден од најконтроверзните личности во тоа време.

Неколку години по убиството на Аркан во тогашниот „Интерконтинентал“, пејачката ја отворила душата и во медиумите проговорила за односот со нејзиниот покоен сопруг.

“За него сешто прочитав и слушнав пред да го запознам. Помеѓу останатото, дека е толку опасен, што не дај Боже, ако го погледнеш на начин на кој не му се допаѓа, тој прво ќе те претепа, па дури тогаш ќе зборува со тебе.
Во својот живот похрабро суштество не сум сретнала. Тоа е она луда храброст која преминува во егзибиционизам. Тој човек се смееше да направи! Како жена да не умре за него.”

Совршено зборуваше пет јазици, ја имаше прочитано сета светска литература. Беше интелигентен човек, плус лудо храбар, и над се, невидено нежен. Тоа го потпишува жена која со него пет години делеше добро и зло. Во домот беше вистинско бебе.

Таа раскажала и дека пред него немала претстава како изгледа светот на луѓето како Аркан:

„Пред Жељко воопшто немав никаков контакт со тој свет. Првиот за кого зборуваа дека е опасно момче беше, всушност, Жељко. Останатите ги запознав преку него. До тогаш се дружев со естрадата“, отворено објаснила Цеца.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------