Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Бен Афлек фатен со нова 16 години помлада девојка

Бен Афлек фатен со нова 16 години помлада девојка

реклама:DIGITVMK

Бен Афлек е доказ дека на некои луѓе не им треба многу за да се обидат да продолжат во љубовта по раскинувањето или тешкиот развод.

Не само што неговата разделба со Џенифер Лопез е сè уште жешка по втор пат, а протекоа информации за тоа кој ќе биде во „полоша“ состојба кога ќе се потпишат конечните документи за поделба на имотот, туку Бен успеа да направи неколку чекори за помалку од две недели, а кои излегуваат на насловните страници.

Откако документите за развод се појавија во јавноста, Бен реши да помине време со поранешната сопруга Џенифер Гарнер и децата, а тоа само ги зголеми сомнежите дека сепак посакува нова шанса со Гарнер.

Имено, додека Џенифер Лопез се уште достојно минува низ разводот, нејзиниот поранешен партнер во целата сага внесува нова личност и нови шпекулации.

Која е 16 години помладата жена со која Бен го заборава разводот?

Бен Афлек е виден со внуката на Џон Кенеди, 35-тиот претседател на САД, поточно со ќерката на Џон Кенеди помладиот.

Кејтлин Александра Кенеди, позната како Кик, е 16 години помлада од Бен, а според близок извор, „Page Six“ тие поминале извесно време заедно и постои сомневање дека Бен го преболува разводот токму со неа.

Кик не личи толку на нејзиното семејство, бидејќи политиката е далеку надвор од нејзините сфери на интерес. Таа го чека моментот кога нејзината желба за глума конечно ќе вроди со плод.

Кик го добила името по нејзината баба, сестрата на претседателот Кенеди, која трагично загина во авионска несреќа на 28-годишна возраст.

На нејзините фотографии, по ваквите објави во медиумите, се редат коментари. Многумина известуваат дека гледаат голема сличност со Џенифер Гарнер, поради што повторно на удар се најдоа чудните избори и стандарди на Бен Афлек.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------