Home INFO Бездомничка со ангелски глас го маѓепса светот (ВИДЕО)

Бездомничка со ангелски глас го маѓепса светот (ВИДЕО)

реклама:G Natural

Тажна е животната приказна на Русинката Емили Замурка која има 52 години и е бездомичка која алка низ улиците на Лос Анџелес.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таа пее, а нејзиниот глас е толку убав што новинарите од водечките телевизии тргнаа во потрага по неа.

Се започнало кога полицијата на Твитер објави клип од жена со вреќи во рацете додека пее во метрото.

“Четири милиони луѓе го нарекуваат Лос Анџелес дом. Четири милиони приказни. Четири милиони гласови … Понекогаш мора да замолчите и да слушнете еден глас за да чуете нешто прекрасно”, напишаа полицајците со снимката.

Потоа, беше откриено дека жената се викала Емили Замурка.

Родена е во Русија и научила да свири виолина и пијано во музичко училиште. Таа пристигнала во САД на 24-годишна возраст и првично држела часови по виолина. Наскоро, здравствените проблеми и огромните сметки во болницата ја погодиле и таа заработува за живот свирејќи на улица. Откако и била украдена виолината вредна 10,000 американски долари, била исфрлена од станот на улица.

„Спиев каде и да можев. Улиците беа безбедни. Бог ме заштитуваше“, изјави таа за медиумите.

Емили преку ноќ стана популарна, а за нејзина помош се покренати и неколку хуманитарни акции.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------