Home INFO Под стрес сте? Еве како да останете здрави!

Под стрес сте? Еве како да останете здрави!

SHARE

Луѓето не се створени да поднесуваат долготраен стрес. Но, стресот во мала количина е природна реакција на телото и може да влијае како природен стимулатор.

Со денешното темпо на живеење, ја изгубивме способноста да се опуштиме на природен начин.

Стресот е дел од нашето секојдневие и е опасен по нашето здравје,а поврзан е со срцевите заболувања, депресија и дијабетес.

Науниците открија неколку начини како да останете здрави кога сте под стрес.

Хранете се здраво

Кога сте под стрес, посегнувате по сладолед, чипс или чоколадо, што е сосема нормално. Наместо тоа, научниците ве советуваат да се одлучите за јаглехидрати, како што се каша и интегрален леб, кои ќе ви дадат енергија да се соочите со тешкиот ден.

Не плашете се да побарате помош

Доколку сметате дека не можете да се справите со стресот,задолжително разговарајте со психолог.

Вежбајте

Вежбањето е природно средство кое го ублажува стресот и кое го исполнува вашето тело со ендорфин, хормон на среќа. Доколку поради било каква причина не можете да одите на тренинг, вежбајте дома.

Обидете се да спиете доволно

Кога сте под стрес, спиете лошо. Ненаспаноста го зголемува нивото на стрес, а доколку спиете добро, полесно ќе се справите со секојдневните стресни ситуации.

Земете воздух

Доколку сакате да избегнете да се избезумите од стрес, имајте на ум дека секој час не можете да бидете продуктивни во иста мера. Понекогаш е подобро да здивнете малку, па потоа да продолжите да работите со поголем елан, советуваат научниците.

РЕКЛАМИ:
Loading...