Home INFO Бидете внимателни: Нашата територија е во жолта (алертна) фаза

Бидете внимателни: Нашата територија е во жолта (алертна) фаза

реклама:

Од денес, па во наредните два дена, територијата на нашата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Времето денес да биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ=9

Од УХМР предупредуваат на жолта (алертна) фаза, а во среда температурите ќе достигнат до 40 степени.

Во четврток се очекува температурите да достигнат до 38 миот степен, а во претпладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од задутре до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Од Министерството за здравство предупредуваат дека температурите се многу високи, и апелираат до граѓаните да останат во затворени климатизирани простории. Доколку немаат потреба да не излегуаат од своите домови, а доколку се на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------