Home INFO Били Ајлиш: Гледањето порнографија на 11 години ми го уништи мозокот

Били Ајлиш: Гледањето порнографија на 11 години ми го уништи мозокот

реклама:G Natural

Младата пејачка Били Ајлиш проговори за зависноста од гледање порнографија која почнала кога таа имала само 11 години.

Ајлиш која наполни 20 години е добитничка на Греми награди, и позната по своите мрачни текстови.

Во едно интервју, пејачката открива дека гледањето порнографски материјали на единаесет годишна возраст и предизвикало ноќни мори и огромна конфузија кога започнала да излегува со момчиња.

– Сметам дека порнографијата е срам. Да бидам искрена, некогаш гледав многу такви видеа. Почнав да ги гледам кога имав отприлика 11 години. Мислам дека тоа ми го уништи мозокот, се чувствувам оштетено – открува Били во емисијата “The Howard Stern Show”, додавајки дека дел од содржините кои ги гледала биле и насилни, па имала бројни ноќни мори.

Ајлиш се школувала во домашни услови, и е добитничка на седум Греми награди.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------