Home INFO Бизнисменот или малиот Кеба? Северина се огласи по повод гласините за развод...

Бизнисменот или малиот Кеба? Северина се огласи по повод гласините за развод (ФОТО)

реклама:Велигден со Стаф

Деновиве се прошири веста дека познатата хрватска пејачка Северина има нова љубов и планира да се разведе од сопругот Игор.

Северина Којиќ веќе извесно време планира да го откачи Игор Којиќ затоа што тајно се гледа со еден хрватски моќник, наведува српски Телеграф. Имено, како што тврди извор од Хрватска близок до Северина, снаата на Кеба ужива покрај постар бизнисмен од Сплит коој има врска и со политика.

-Северина и Игор веќе долго време имаат криза во бракот, затоа што пејачката тајно се гледа со еден сериозен бизнисмен и политичар, доста уважуван во тамошните кругови. Пејачката на сите начини се обидува без драма да излезе од односот со Којиќ за да комплетно и се посвети на врската со бизнисменот од Сплит, меѓутоа и самата знае каков публицитет тоа би имало во јавноста. Особено што малиот Кеба нон- стоп и е на услуга и ја следи на сите настапи од каде објавува фотографии и снимки како да и е менаџер и се труди да и помага на секоој можен начин. Секако ќе наиде на осуда што го изневерила и на крајот го оставила“, открива соговорникот од Хрватска.

Од друга страна, неодамна низ белградските кулоари се пренесе веста дека српската снаа Северина Којиќ му се замерила на свекорот Драган Којиќ Кеба кога не се појавила на семејната слава во Лозница. Наводно,Кеба тогаш многу се налутил што Северина не го испочитувала.

Но по целата прашина околу наводниот развод, пејачката се огласи на социјалните мрежи. Севе објави фотографија на која се позира во друштво на нејзиниот сопруг Игор и својот син.
Дали со оваа објава конечно се решија дилемите околу разводот, останува да видиме…

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------