Home INFO Искрена исповед на сега починатата Маја: Дали поради ова почина ќерката на...

Искрена исповед на сега починатата Маја: Дали поради ова почина ќерката на Милан Вукашиновиќ

реклама:Велигден со Стаф

Маја Авдилбеговиќ, ќерка на Милиќ Вукашиновиќ, поранешниот тапанар на „Бијело дугме“ и фронтмен на „Ватрени пољубац“,беше пронајдена мртва во стан во сараевската населба „Језеро’“, а неофицијално се смета дека причина за смртта е предозирање со наркотици.

Покрај тоа што во минатото Милан ја обвинуваше ќерката за своето однесување, кое било резултат на користење на дрога, сепак во медиумите се појави исповед на сега веќе починатата Авдилбеговиќ.
Во јуни Маја имаше обид за самоубиство со сечење на вените, па тогаш и прв пат проговоре во јавноста за нејзиниот однос со татко и.

Таа признала дека два пати се обидела да се самоубие и дека нејзиниот татко физички ја малтретирал.

„Прв пат се обидов да се самоубијам кога ме остави заради Планинка Раковиќ. Никогаш не посегнав по сопствениот живот поради дрога, како што тврдеше тој. На тој начин се обидува да си ја исчисти совеста. Како дете го изнесував од кафеани пијан, а тој ќе ме фрлеше на земја. Поминав низ пекол со него“, тврдеше Маја.

По објавувањето на веста се огласи и Милан Вукашиновиќ, кој тврдеше дека никогаш немал кренато рака на неа. „Ќерката ми се свети, бидејќи ја изнесов вистината за нејзините проблеми со дрогата, кои може ќе придонесат еден ден да си го одземе животот. Никогаш немам кренато рака на неа“, тврдеше тапанарот кој смета дека виновен за проблемите со дрогата е нејзиниот партнер, кој ја навлекол на хероин.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------