Home INFO Сопругата на Милан Вукашиновиќ: И дадовме пари за храна, таа купи хероин!

Сопругата на Милан Вукашиновиќ: И дадовме пари за храна, таа купи хероин!

реклама:Велигден со Стаф

Ден пред трагичната смрт,ќерката на Милан Вукашиновиќ денот го прошла со својот татко и неговата сопруга Сузана.

” Не знам да ви одговорам на прашањето зошто се уби! Ние вчера дојдовме од Сараево. Бевме таму десетина дена со неа. Во 23 часот стигнавме во Белград, еден час подоцна Маја го стори тоа. Ништо не укажуваше на тоа дека ќе стори вакво нешто. Беше добро расположена, се лекуваше од зависност и во последно време почна и да ги слуша нашите совети. Ние и оставивме пари да си купи храна, таа најверојатно купила хероин. Сеуште сме во шок. Јас ја доживував како свое дете, таков однос и имавме” – потресено за српските медиуми изјавила Сузана, сопругата на Милан.

Маја Авдибеговиќ,ќерката на Милиќ Вукашиновиќ, синоќа околу полноќ, извршила самоубиство во сараевската населба „Језеро“.
35. годишната жена, ја пронашла пријателка и веднаш повикала брз помош и полиција но и немало спас.

Според прелиминарните резултати од истрагата и после надворешниот преглед на телото, било утврдено дека причина за смртта најверојатно е предозирање со наркотици или лекови. Инаку, Маја, досега два пати се обидела да се самоубие.
На 1.јуни оваа година исто така се обидела да изврши самоубиство кога со жилет ги исекла вените. Тогаш била спасен со брза реакција на брзата помош иако доста искрварела, и била префрлена на психијатриска клиника.
Маја и нејзиниот татко, бившиот тапанар Милиќ Вукашиновиќ, не биле во добри односи, а таа во српските медиуми го обвинила дека е виновен за нејзините обиди за самоубиство.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------