Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Блокирана „Ѕвездите на Гранд“ продукцијата мака мачи да го поправи скандалот

Блокирана „Ѕвездите на Гранд“ продукцијата мака мачи да го поправи скандалот

реклама:Велигден со Стаф

Последната емисија од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ која се емитуваше на телевизиите вчера и беше навистина скандалозна според однесувањето на жири комисијата, оние кои ја гледаат на нивниот официјален Јутјуб канал за жал од пред неколку часа неможат да ја отворат.

Целиот проблем се случил заради некои од композициите кои ги изведуваат натпреварувачите а подлежат под авторски права кои продукцијата „Гранд“ очигледно ги нема регулирано, па од страна на Јутјуб е блокирана целата емисија.

Ова не е прв случај заради авторски права ова шоу да неможе да се проследи во целост, истото се случи и во неколку наврати порано кога заради аворски права на места од емисијата гласот беше „мутиран“ т.е некои од композициите не можеа да се слушнат и се гледа само слика.

Како и кога ќе се реши овој проблем останува да почекаме, за сега нема никаков коментар од продукцијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------