Home INFO Боба во солзи од изненадувањето кое му го подготви Лепа Брена...

Боба во солзи од изненадувањето кое му го подготви Лепа Брена (фото)

foto: ATA IMAGES
реклама:

Српската пејачка Лепа Брена доги години е во хармоничен брак со бившиот тенисер и бизнисмен Слободан Боба Живојиновиќ.

Неодамна тој наполни 60 години, а неговата сакана мошне пријатно го изненади.

Боба и Брена се наоѓаат во Црна Хора каде пловат со својата луксузна јахта.

Почетокот на роденденската прослава започна со здравица на јахтата а вечерта забавата продолжила во еден ресторан.

Брена, на изненадување на својот Боба тајно закупила познат ресторан каде ги поканила најблиските роднини и пријатели.

Највесела на роденденската забава на Боба била неговата снаа, Александра Пријовиќ, а Брена изнудила солзи радосници кај својот сопруг додека му пеела роденденска песна.

Забавата траела до доцна во ноќта.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------