
Боба Живојиновиќ, познат како поранешен тенисер и сопруг на Лепа Брена, неодамна бил повикан на сослушување поради кривична пријава поднесена против него и уште едно лице, открива српскиот „Курир“.
Според обвинувањата, тој и Н.Р. двапати продале ист брод, при што секој пат земале по 300.000 евра, односно вкупно 600.000 евра.
Живојиновиќ сам се пријавил во Обвинителството и со својот адвокат бил сослушан од обвинителот, по што бил пуштен на слобода. Како што наведуваат извори запознаени со случајот, завчера се одржало и сослушување на второосомничениот, обвинет за помагање во измамата.
Боба и Лепа Брена се сопственици на луксузна јахта долга 30 метри, со шест спални соби, проценета на 6 милиони евра.
Двојката ја користела за пловење по Јадранското Море, но одлучила да ја продаде. Јахтата била понудена за изнајмување на веб-страница за луксузни јахти, по цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната. Заинтересираните можат да ја изнајмат и во вонсезона, од октомври до април, по намалена цена од околу 60.000 евра.






