Американскиот судија го oтфрлил барањето на таткото на Бритни Спирс да добие поголема контрола над нејзините финансии.
Судијата во четвртокот ја поддржал претходната пракса која на финансиската компанија „Besemer Trust” и е овозможено да располага со финансиите на пејачката па со тоа компанијата и Џејми Спирс имаат исти овластувања.
Татко и на Бритни ги контролирал финансиите на својата ќерка од 2008 година но Бритни неодамна побарала таа пракса да престане.
„Старателство“ над имотот е правен договор кој е воведен заради загриженоста за менталното здравје на пејачката.