АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

На голем натпревар за убавина на камили во Саудиска Арабија, повеќе од 40 камили беа дисквалификувани откако судиите утврдија дека им биле применети козметички процедури забранети според правилата на натпреварот. Според организаторите, на дел од камиите им било инјектирано ботокс во усните, користени се филери, а некои имале хормони и други средства за зголемување на мускулната маса, со цел да изгледаат поатрактивно пред оценувачите.

Судиската комисија, која користела напредна технологија за проверка, го исклучила големиот број натпреварувачи кои ги прекршиле строгите правила за природна убавина. Целта на овие правила е да се зачува автентичноста и традицијата на ваквите натпревари, кои се одржуваат како дел од културното наследство во заливскиот регион.

Актуелниот скандал потсетува на слични случаи во последните години, каде што некои сопственици на камили се обиделе да добијат предност со разни неправилни методи, што наишло на критики и во јавноста и меѓу организаторите.

РЕКЛАМИ: