Home INFO „Божиќната Sвезда“ доаѓа: Наскоро ќе се случи феномен кој не е виден...

„Божиќната Sвезда“ доаѓа: Наскоро ќе се случи феномен кој не е виден цели 800 години

реклама:Велигден со Стаф

„Божиќна Sвезда“ е ретка појава која не е видена цели 800 години.

Јупитер и Сатурн, на 21 декември ќе бидат на иста линија и ќе формираат двојна планета.

Според Форбс, оваа појава повторно би можела да се случи дури во 2080-та година, а потоа по 2400-тата година.

Целиот свет ќе има можност да го види и да го овековечи со фотографија овој момент.

Орбитите на Јупитер и Сатурн се на една линија на секои 20 години и двете планети се доближуваат многу една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека орбитата на Сатурн трае 30 години.

Експертот за астрономија, Патрик Хартиган, објаснува за Форбс дека врската меѓу двете планети е многу ретка и дека луѓето навистина ќе имаат среќа да видат таков феномен.

“Врските помеѓу овие две планети се многу ретки, се случуваат еднаш на секои 20 години или нешто повеќе, но оваа врска е исклучително ретка заради фактот колку близу ќе се појават Јупитер и Сатурн” , вели експертот за астрономија Патрик Хартиган.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------