Home INFO Брачни “проблеми”: Кети Пери го издаде Орландо Блум (видео)

Брачни “проблеми”: Кети Пери го издаде Орландо Блум (видео)

реклама:

Холивудскиот заводник Орландо Блум и пејачката Кети Пери се заедно веќе пет години, а се верија во 2019 година на денот на вљубените.

Во 2020 го добија своето прво дете.

Во едно неодамнешно гостување на британската радиостаница,, пејачката откри една лоша навика на нејзиниот сопруг која предизвика лавина коментари во јавноста.

Имено на прашањето која навика најмногу и пречи кај Орландо, таа без двоумење одговорила:

“Тој сака да користи забен конец, што е одлично затоа што некои партнери не го прават тоа и тој има сјајни заби. Но, тој го остава конецот насекаде! На страната на мојот кревет, во автобомилот, на масата во кујна… Насекаде.. Иако имаме корпи за ѓубре”

Многумина беа згрозени од оваа навика на актерот, но многумина и го оправдуваа, коментирајќи дека сите ние имаме по некоја лоша навика.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------