На јавноста и е познато дека Меган Маркл нема добри односи со своето семесјство. Таа комуницира единствено со својата мајка, а останатите членови на секој начин се обидуваат се експонираат во јавноста откривајки детали од нејзиниот приватен живот.
Последна е изјавата на братот на Меган кој тврди дека неговото славно презиме поминало лошо во бизнисот и тој изгубил голем број на можности, на крајот завршувајќи без покрив над главата и без пари.
„Јас сум бездомник и би можел да завршам под мост со натпис на картон и да молам за пари“, изјавил тој за The Sun.
„Таа е на кралскиот пиедестал и од таму гледа што се случува со семејството. Требаше да биде похумана кон нас“, изјавил братот, кој најверојатно ќе се врати кај својата мајка во Ново Мексико и таму ќе го продолжи животот.