Home INFO Бритни Спирс повторно бремена, еве кој е татко на детето!

Бритни Спирс повторно бремена, еве кој е татко на детето!

реклама:Велигден со Стаф

Четириесет годишната контроверзна пејачка Бритни Спирс на Инстаграм ја сподели веста дека повторно очекува дете.
Таа напиша дека направила тест за бременост откако се здебелила по неодамнешниот одмор на Хаваи на кој била заедно со својот партнер Сем Ашгари.

Тој е дванаесет години помлад од пејачката а се запознале на снимањето на спот за најзина песна “Slumber Party”, во 2016 година, каде тој имал главна улога.

Сем не губел премногу време, па веднаш ѝ го дал неговиот телефонски број. Пејачката призна дека му се јавила дури 5 месеци подоцна кога случајно го пронашла бројот со ливчето во чанта.

Обожавателите на Бритни на почетокот на оваа врска беа загрижени за неа, особено заради фактот дека Сем е 12 години помлад од неа и дека ја искористува заради парите и славата, но очигледно се испостави сосем спротивното.

Сем Ашгари е роден во Иран, а на својата 12та година го напуштил Техеран, каде живеел со својата мајка Фатима и трите сестри. Заминал да живее во САД со својот татко.

Кариерата ја започнал како личен тренер, потоа започнал да се бави со манекенство. За потребите на снимањето, лично Бритни го одбрала да глуми во спотот, гледајки фотографија од него.

Бритни веќе има два сина, Шон (16) и Џејден (15) со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

На почетокот од разводот со музичарот Кевин Федерлајн, тој и Бритни имаел заедничко старателство над нивните малолетни синови, но подоцна неговиот адвокат одлучил дека во најдобар интерес за децата е таткото да се грижи за нив.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------