Home INFO Брзо, лесно, превкусно: Оваа бајадера е готова за 15 минути

Брзо, лесно, превкусно: Оваа бајадера е готова за 15 минути

реклама:Велигден со Стаф

Ова е рецепт за највкусната бајадера. За неа, дури не треба печка,ниту миксер. За да ја направите ќе треба да издвоите околу 20 минути.

Состојки:
За Бајадера

9 лажици вода
200 грама шеќер
150 грама ореви, бадеми или лешници
250 грама мелени  бисквити
170 грама путер
100 грама темно чоколадо
рум

За глазура :

100 грама темно чоколадо
малку масло

Подготовка:

Во тенџере , додадете вода и шеќер и гответе на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори.

Додадете путер , отстранете од шпоретот и мешајте додека не се раствори.
Кога путерот е безмалку истопен , додадете ореви и бисквити – се меша додека не се добие еднаква густа маса .

Добиената смеса се дели на два еднакви делови.

Стопете го чоколадото на пареа и помешајте го во првиот дел од смесата, а во втората додадете малку рум. На послужавник или тацна ставете мрсна хартија за печење и ставете го првиот дел од смесата (таа со чоколадо) и со рацете оформете коцка – а за да биде правилна, потоа оформете ги рабовите со нож.

Над неа, на ист начин додадете ја и друга смеса и сторете го истото со ножот.
Остатокот од чоколадото се топи на пара. Во него додадете малку масло и се прелива врз бајадерата.

Толку – оставете малку да се стврдне и може да се ужива во неа.
Бајадерата се остава во фрижидер да се стегне и следниот ден се сече на коцки.

Добар апетит!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------